display_color_xlarge

До пред некоја година, купувани само од одредена група на корисници, фаблет, односно телефон таблет уредите стануваат се повеќе популарни кај повеќето корисници. Тоа го покажуваат истражувањата од одредени компании кои се занимаваат со истражување на пазарот.

Во овој случај се работи за истражување од страна на GfK кои прикажуваат зголемен процент на фаблет уредите. Овие уреди сега сочинуваат скоро половина од светската продажба на паметни телефони, поточно 47% од продадените во првата четвртина од 2015 година.

Истиот период минатата година, фаблет уредите претставувале 32% од вкупните продажби, што претставува зголемување од 15% за оваа година. Во бројки, во првата четвртина од оваа година се продадени 166 милиони фаблет уреди.

Овој процент е уште поголем во САД, каде што фаблет уредите држат 70% од пазарот, за разлика од 59% минатата година.

Чисто за потсетување, за еден уред да се смета за фаблет, тој треба да има екран поголем од 5 инчи, односно тоа е мерката во истражувањето направено од страна на GfK.

Овие бројки воопшто не не изненадуваат со оглед на големината на екраните на најјаките модели од производителите. Тука исто така треба да се додаде и влијанието на Apple со нивниот iPhone 6 Plus модел. Ова посебно важи за САД каде што iPhone моделите држат многу поголем пазарен удел од тој на светско ниво.

Извор: GfK, TechRadar

Претходна статијаButterfly 3 е најмоќниот смартфон на HTC!
Следна статијаУниверзалните Office апликации достапни во најновата верзија на Windows 10 за мобилните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.