Baner-website-FRONT

Може да се каже дека веќе нема кој не е запознаен со новиот тренд на кинеските производители кои што напаѓаат со одличните модели, направени во класа на најпопуларните, кои што се продаваат по цена пониска од таа што корисниците се имаат научено дека треба да платат за таков уред.

Еден од најпознатите производители, кои што според статистиките стана третиот најголем производител на мобилни телефони во светот, е Xiaomi. На Смартпортал повеќе пати можевте да прочитате за производите од овој производител, како и за достапноста на истите во нашата земја. Производите на Xiaomi се достапни преку застапникот Hi Communications на чија што страна можат да се нарачаат, а достапни се и преку мрежа од партнери.

Овој петок, односно на 26 Декември 2014, Hi Communications им овозможува на сите заинтересирани корисници да го купат било кој производ од понудата со 10% попуст. Попустот важи само во петок за сите нарачки направени онлајн, односно директно преку веб страната на компанијата. Нарачките кои што ќе бидат направени почнувајќи од 00:01 до 23:59, автоматски го добиваат попустот.

Корисниците можат да направат по една нарачка, но доколку се заинтересирани за повеќе, истото може да го направат со регистрирање со друга email адреса.

За да може да се добие попустот, покрај правење на нарачката во петок, треба да се внесе и кодот PROMO10 при завршување на нарачката, односно при checkout.

На страната на Hi Communications може да се најдат повеќе видови на производи од програмата на Xiaomi, односно достапни се мобилни телефони, таблет компјутери, фитнес алки, преносни батерии и многу повеќе. Слободно можете да ги проверите цените кои што се објавени на страната и да пресметате колку ќе чинат за време на попустот.

xiaomi-mi-4

Како потсетување, во продолжение можете да ги видите некои од производите кои што се достапни во нашата земја, како и кои што имавме шанса да ги користиме.

Xiaomi Mi 3 Рецензија: Една недела со овој одличен телефон

Xiaomi Mi 2S Кинескиот телефон на ниво со големите брендови

Xiaomi го претстави Mi 4, вклучува одличен хардвер за ниска цена

Извор: Hi Communications

Претходна статијаSleep Shepherd: Капа која треба да ви помогне да заспиете
Следна статијаAvi-On: Прекинувач за паметни сијалици кој може да се постави на било која локација