project-valley-samsung-foldable

Според најнови неофицијални информации кои доаѓаат преку кинескиот Weibo, Samsung ќе го претстави исто така неофицијално најавуваниот телефон со екран кој се преклопува идната година.

Телефонот треба да го носи името Galaxy X и ќе биде претставен заедно со уште 4 други модели кои во главно се очекувани и нема да бидат некоја новина, а ги вклучуваат Galaxy S8, Galaxy S8 edge, Galaxy Note 7 и Galaxy Note 7 edge.

За телефонот на преклопување имаме информации во главно од неофицијални извори, како и од поднесените патенти на компанијата. Project Valley се нарекува телефонот во развојната фаза.

Ваквиот концепт на телефони е навистина интересен и во иднина сигурно ќе се покаже како навистина практичен и корисен. Веќе нема да има потреба од користење на посебни уреди за телефон и нешто поголем таблет компјутер.

Со превиткување поголемиот уред ќе може да се доведе во доволно мала форма за полесно пренесување и користење како телефон, а при читање и слични активности ќе се отвора во целосната големина.

Извор: SamMobile, TechnoBuffalo

Претходна статијаOneDrive достапен како универзална апликација за Windows 10 на десктоп
Следна статијаSony Xperia XA Ultra е огромен 6 инчен смартфон со селфи камера од 16 мегапиксели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.