На овој телефон се чека веќе неколку години, а изгледа дека оваа конечно ќе биде годината кога оваа технологија ќе може да биде претставена во јавноста.

За телефонот веќе подолг период има разни шпекулации, па дури е познато и наводното кодно име на уредот додека е во развој. Galaxy X е телефонот којшто ќе го донесе на пазарот првиот вистински свитлив екран.

Информацијата доаѓа од извештајот на Samsung за финансиското работење на компанијата, поточно предвидувањата за оваа година. Во извештајот се споменува дека напредокот на компанијата ќе го предводат Bixby асистентот, како и свитлив OLED екран.

Причината поради која ваков уред со нетрпение се очекува е можностите кои ги донесува за корисниците. Во џебот ќе продолжиме да носиме навидум обичен смартфон кој по потреба ќе може да се отвори и да се добие дупло поголем екран, односно таблет компјутер.

Ова е одлична можност за еден уред кој зависно од моменталната потреба, се прилагодува и ја носи со себе предноста на конкретниот формат. Помал уред за џебот, поголем за ситуациите кога нешто читаме, гледаме видео и слично.

Со оглед на фактот што Samsung не е првпат во своите извештаи да најави ваков уред, не може и оваа информација да ја сметаме како 100% сигурна. Сепак, технологијата напредува, па веруваме дека оваа година ќе биде конечно годината кога ќе го видиме овој уред.

Извор: T3, Trusted Reviews, The Verge

Претходна статијаWindows Defender ќе ги брише апликациите кои ги принудуваат корисниците да ја купат платената верзија од апликацијата
Следна статијаМини верзија од легендарниот Commodore64 по цена од 76€
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.