Иако оваа информација може да кажеме дека веќе одреден период ја знаеме, еве сега истата е официјализирана со точна дата и покана за Unpacked традиционалниот настан. Како што баша најавено, Samsung ќе ги претстави новите Galaxy S9 модели во рамките на MWC 2018 саемот во Барселона, односно на 25 февруари.

За настанот се пуштени официјални покани до медиумите, а како и обично на самата покана нема информации, освен една која треба да ни привлече повеќе внимание.

Од истата може да се види дека главниот акцент на новите S модели ќе биде камерата за која има неофицијални најави дека ќе има можност за снимање во HDR.

Како и обично, настанот ќе може да се гледа во живо преку официјалните страни на Samsung. Почетокот е најавен за 18:00 часот според македонско време.

Што се однесува до другите карактеристики на Galaxy S9 моделите, се очекува да не бидат нешто значително различни од претходниците. Се разбира тука се најновите компоненти, како Snapdragon 845, а како и обично се очекува подобрување и на останатите.

Извор: Samsung, Engadget

Претходна статијаiOS 11.3 ќе нуди контрола врз механизмот кој ги забавува уредите
Следна статијаIntegral Memory претстави microSD картичка од половина терабајт
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.