Ако некој се сомневаше во успехот на (веројатно) најдобрите смартфони на пазарот во моментов, еве податок кој дефинитивно ќе ги сруши сите сомнежи. Само во Јужна Кореја, има преку 550.000 преднарачки за Galaxy S8 и S8+ за само два дена, што е многу, многу повеќе од неговите претходници, односно досега невидено за Samsung.

Имено, Galaxy S7 и S7 Edge во истиот период, односно два дена по лансирањето, беа нарачани во 100.000 примероци, додека Galaxy Note 7 беше нарачан во 200.000 примероци. По се изгледа, иако Samsung доживеа сериозен удар со експлозијата на батериите во Note 7, купувачите се уште имаат верба во производите на корејскиот гигант и Galaxy S8 и S8+ дефинитивно ќе бидат бестселери.

Секако, засега се достапни само бројките од Јужна Кореја, односно не знаеме колку преднарачки има на останатите пазари во светот, меѓу кои се прилично незгодните Северна Америка и Европа, но мислам дека Galaxy S8 има доволно адути во ракавот за да може да привлече голема група на купувачи, особено што конкуренцијата делува како да спие веќе подолго време. На сето ова тежина два фактот што Samsung мораше да го удвои производството на Galaxy S8 смартфони, со цел да може да држи чекор со побарувачката.

Високата побарувачка на Galaxy S8 и S8+ најверојатно и ќе продолжи, бидејќи освен HTC, кој треба да претстави наследник на 10-ката наскоро, од останатите големи играчи Apple ќе претстави нов iPhone дури на есен, што е одлична шанса за рушење на сите рекорди за еден Galaxy смартфон.

Извор: Android Authority, ZDNet, BGR

Претходна статијаStalkscan: Алатка за зачувување на вашата приватност на Facebook
Следна статијаWestern Digital го претстави својот прв преносен SSD диск