Note линијата на Samsung доживеа голем удар годинава со повлекувањето на веројатно најдобриот смартфон годинава, Galaxy Note 7. Ударот беше толку голем, што некои најавуваат дека линијата на вакви производи целосно ќе биде укината и ќе биде заменета со Galaxy S серијата.

Облакот на мистерија полека почна да се расчистува. Имено, нови информации велат дека поголемиот “Plus” модел на Galaxy S8 ќе има огромен 6 инчен дисплеј, што го намалува просторот за лансирање на Note 8. Поточно, ова значи дека апетитите на корисниците кои сакаат голем дисплеј, отсега целосно ќе ги задоволува Galaxy S линијата на производи.

За оние загрижени дека со 6 инчен дисплеј, ова ќе биде преголем смартфон, најавите велат дека новите Galaxy S8 веројатно нема да имаат или пак ќе имаат многу мала рамка околу дисплејот, слично на Xiaomi Mi Mix. Всушност, според инсајдерски информации, големината на 6 инчниот Galaxy S8 Plus ќе биде иста како на 5,7 инчниот Galaxy Note 7.

Galaxy S8 моделите би требало да имаат и прилично моќни спецификации. Всушност, нови информации велат дека моделот ќе биде опремен со фантастични  8 GB рам, процесори со транзистори од 10 nm (Snapdragon 835 и нов Exynos процесор) и супер брз UFS 2.1 простор за складирање податоци.

Очекувано, двата нови Galaxy S8 модели ќе имаат Edge дисплеј на краевите. Купувачите во последниве две генерации буквално полудеа по ваквите верзии на моделите на Samsung и сосема е логично тие да ги укинат стандардните верзии. Ваквиот развој на настаните е најава и за други модели кои ќе може да се виткаат, а кои Samsung како најиновативен производител, скоро е сигурно дека прв ќе ги извади на пазарот.

Новите Samsung Galaxy S8 модели треба да бидат претставени во Март или Април наредната година. До тогаш, следете не редовно – сите нови информации за оваа популарна линија на Samsung со сигурност ќе можете да ги прочитате тука.

Извор: Forbes, GSM Arena, Tech Radar

Претходна статијаТрејлери на филмови што мора да ги гледате
Следна статијаMicrosoft Translator отсега функционира и во групен чет