galaxy-s7-4

Можеби февруари, кога треба да биде претставен Galaxy S8, не е толку блиску, меѓутоа со оглед на проблемите со Note 7-цата, не е чудно што вниманието веќе се насочува кон наредниот знаменосец од компанијата.

Наредниот телефон од високата класа од Samsung секако ќе биде наследникот на S7 серијата, односно Galaxy S8. Тој исто така треба да дојде и со Edge верзија, но имаше и одредени шпекулации дека Samsung може да се одлучи само за таквата верзија, па да не ја вклучи обичната.

Според најновите информации, Galaxy S8 треба да дојде со наредната генерација од чиповите кои ќе бидат достапни идната година. Па така, верзија која ќе се продава со Snapdragon ќе ја вклучува 830 верзија, додека другиот модел се очекува да го користи новиот Exynos 8895 од Samsung, а и двата ќе бидат направени во новата 10nm технологија.

Покрај тоа, S8 се најавува дека ќе доаѓа и со повеќе РАМ меморија од моменталниот модел, па наместо сегашните 4, тој ќе доаѓа со 6 GB RAM.

Исто така, интересно се најавува дека S8 ќе има нешто поголем екран, поточно 5,5 инчен 4К екран кој треба да биде во главно корисен и насочен кон се повеќе популарните уреди за виртуелна реалност.

Покрај оваа информација, достапна е и нова информација околу достапноста на Note верзијата, која моментално се соочува со проблеми. Note не само што ќе продолжи да постои, се верува дека ќе го задржи името и ќе биде наречена Note 8.

Оваа информација доаѓа од можноста која Samsung им ја нуди на корисниците во Јужна Кореа каде се споменува името Note 8.

Се работи за исто така важна информација поради шпекулациите кои говореа дека Samsung целосно ќе ја откаже серијата, а имаше и такви информации кои говореа дека ќе биде променето името.

Извор: TechnoBuffalo, SamMobile, TechRadar

Претходна статијаОфицијално лансирање на Летз на Продукт Хант
Следна статијаMi VR е новиот уред за виртуелна реалност на Xiaomi
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.