Кај никој од нас сигурно немаше сомневање дека новите модели од Samsung, Galaxy S8 и 8+, ќе бидат меѓу најпопуларните смартфони и дека ќе се продаваат во одлични количини.

По рушење на сопствените рекорди во Кореа, со нарачката на 550.000 уреди за само 2 дена, овие модели продолжуваат со истото темпо во остатокот од светот.

Од компанијата истакнуваат дека иако не можат да дадат точни бројки, продажбите во светот одат одлично и тие веќе ја имаат надминато бројката од 5 милиони, за двата уреди комбинирано.

Се предвидува дека продажбата на овие модели ќе ја достигне бројката од 20 милиони до крајот на оваа четвртина од годината, а таа бројка ќе достигне 50-60 милиони по истекот на една година од почетокот на достапноста.

Телефоните секако се достапни и во нашата земја и сите заинтересирани корисници може да ги купат.

Овие бројки се доста важни за Samsung, најмногу поради проблемите кои се јавија кај Note 7 моделот. Иако не се очекуваа поголеми проблеми при нарачките на новите модели, сепак се чекаа официјалните бројки за да се види дека Note 7 нема да влијае на продажбата.

Фактот што така испадна на крај покажува на популарноста и довербата во брендот, па еден проблем сигурно не може да го наруши тоа.

Инаку, променетата, односно refurbished верзија од Note 7, наречена 7R ќе се продава по цена дупло пониска од оригиналниот модел, барем така говорат информациите.

Извор: The Investor, TechnoBuffalo

Претходна статијаWindows 10 Mobile ќе добие Fluent Design System освежување
Следна статијаЗнаменосецот HTC U11 има стислива рамка, врвно аудио искуство и најдобра камера од сите смартфони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.