image_a1

Samsung вчера го претстави Galaxy S5 кој што доаѓа со 2.5GHz Snapdragon 800 четири јадрен процесор. Како што и обично прави, Samsung ќе претстави и посебен модел кој што ќе доаѓа со нивниот Exynos процесор, барем како што на кратко можеше да се види од нивната страна која што по кратко време беше тргната.

Exynos процесорот треба да биде осум јадрен и да работи на 2.1 GHz. Исто и претходниот S4 модел доаѓаше во две варијанти, една со Snapdragon и другата со Exynos процесор. Точниот модел на процесорот не е познат, па останува да се види кога Samsung официјално ќе го претстави.

Извор: GSMArena

Претходна статијаSamsung го претстави Gear Fit, фитнес ориентираниот паметен часовник
Следна статијаПаметниот часовник од Google ќе биде направен од LG
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.