91mobiles / OnLeaks

За непретставените Galaxy S10 модели веќе можевме да прочитаме скоро се. Јас лично не очекувам некое посебно изненадување за време на претставувањето, односно верувам дека како и обично, настанот за претставување на овие телефони, ќе биде само за потврда на неофицијалните информации. Барем за тие кои ги читаат.

Најновата информација, која овој пат доаѓа од SamMobile, ни ја откривадополнителната боја во која ќе дојде најмалиот S10 од трите модели,односно сега за сега нарекуваниот S10Lite.

Се работи за жолта боја и обично ваквите бои се достапни кај „поевтините“ модели, а истото го прави веќе неколку пати и Apple. Од најновите модели од Apple, само најмалиот XR модел има избор од светли бои.

Останатите варијанти од Galaxy S10 ќе дојдат во стандардниот избор од бела, црна и сина, но ќе има и зелена боја.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаNetflix тестира инстантно „премотување“ на цели сцени во филмовите и сериите
Следна статијаВештачката интелигенција и останатите нови технологии се најголемата закана за САД според разузнувачките агенции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.