Телефоните од Samsung веќе неколку години имаат се помала и помала рамка, а денес може слободно да се каже дека Infinity екранот од оваа компанијата е еден од најубавите и најдобри екрани на пазарот.

Малата рамка околу екранот стана стандард и кај повеќето други производители, па од тука и произлезе и веќе популарниот исечок на горниот дел од екранот со кого се овозможува да уредот скоро и нема рамка.

Тргањето на рамка, посебно на долниот дел од уредите, направи потреба да сензорот за отпечатоци се смести на друго место, па како што знаете тој најчесто е сместен на задната страна под камерата.

Иако не е проблем човек да се навикне да го отклучува телефонот со поставување на прстот од задната страна, сепак според тоа како ги држиме телефоните, нај „природно“ место на сензорот му е сепак на предна страна.

За Samsung се најавува дека ќе вгради сензор за отпечатоци под екранот уште од минатата година, па се веруваше дека S9-ките ќе дојдат со ваква технологија. Тоа сепак не се случи, а причините најверојатно се во развојот на оваа технологија. Џабе сензорот е сместен напред, ако како што видовме од неколкуте телефони кои беа претставени оваа година, тој не работи брзо како што е случајот со сензорот поставен на копче.

Информациите едно време говореа дека Note 9, кој треба да биде претставен во август или септември, сигурно ќе дојде со оваа технологија, меѓутоа шансите се дека и тоа нема да биде случајот.

Сега, според информации од etnews, Galaxy S10 сигурно ќе биде уредот којшто ќе дојде со сензор за отпечатоци под екранот, а се надеваме со тоа дека ќе дојде и екран со уште помали рамки од овие сега.

Galaxy S10 треба да биде претставен идната година, па со оглед дека до тогаш има доста време, сигурни сме дека овие информации не се погрешни.

ИЗВОРPocketnow
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаAlfa Romeo Giulia и Stelvio автентично го доловија духот на Италија
Следна статијаLenovo ќе го претстави Z5, телефон без рамка или исечок околу екранот, на 5-ти јуни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.