Покрај очекувањата поради развојот на технологијата, но и конкурентните смартфони, досега неколку неофицијални информации покажаа дека наредниот смартфон од највисоката класа на Samsung ќе има екран без рамки околу него и без исечок на горната страна.

Galaxy S10 се очекува да биде првиот ваков уред од компанијата, означувајќи ја и десетгодишнината од првиот Galaxy уред. Овој телефон треба да биде претставен на почетокот од идната година, односно на MWC 2019, па имаме уште некој месец за чекање.

Најновата „потврда“ за каков ќе биде екранот на S10 доаѓа од познатиот Ice Universe кој објави кратко видео од заштита за екранот, односно screen protector за којшто тврди дека е за овој уред.

Од видеото може да се види дека „протекторот“ скоро и да нема рамки околу, односно има минимална рамка на долната страна.

Очекувањата веќе се дека Samsung ќе ги смести сензорите и камерата под екранот, но не е уште познато дали за истото ќе постои мала „дупка“ на екранот или технологијата ќе ја имаат развиено за тие да можат да работат целосно под екранот.

Samsung ќе го има најверојатно првиот смартфон без рамки околу екранот, но и без исечок или било какви други решенија во стилот на камера која излегува од горната страна и слично.

ИЗВОРT3
Претходна статијаНастанот SHE. фокусиран на жената и нејзините достигнувања за првпат во Скопје
Следна статијаЕлон Маск во документарец на HBO кажа дека има 70% шанса да оди на Марс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.