Покрај од повеќе неофицијални информации кои секогаш ни се достапни пред преставувањето на познатите уреди, за екранот којшто изгледа ќе се користи на S10-ките идната година можевме да дознаеме и од патент поднесен од Samsung.

Заштитната маска за екранот до која има дојдено познатиот Ice Universe, ни покажува дека Galaxy S10 телефоните ќе имаат баш ваков екран, односно екран без рамки околу него и без исечок на горната страна. Тоа што овој екран ќе го има е само една мала “дупка” во која ќе биде сместена камерата, односно две дупки во случајот со Plus моделот кој треба да има двојна камера на предната страна.

Овој екран ќе овозможи да уредите без воопшто рамки околу станат стандардни идната година, со оглед на продажбите кои ги прави Samsung. Иако уште неколку други производители претставија свои верзии од вакви уреди, сепак големината на Samsung ги поставува трендовите.

Samsung Galaxy S10 се очекува да дојде во неколку варијанти, односно три, а според некои информации може да има и четврта. Ќе ги видиме на крајот од февруари стандардно на MWC 2019 саемот за мобилни кој се одржува во Барселона.

Овој модел исто така е и јубилеен, односно како што се гледа од бројката, тој е десетти Galaxy уред, а првиот беше претставен пред 10 години.

ИЗВОРTechnoBuffalo
Претходна статијаТом Круз и Крис Мекваер препорачуваат исклучување на „Motion smoothing“ од телевизорите за подобро гледање на филмовите
Следна статијаSkype воведе транскрипти во вистинско време за повиците преку апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.