Иако никогаш немаше најави или неофицијални знаци дека Samsung може да се реши да се приклучи на трендот на вклучување на исечок во горниот дел од екранот, сепак добро е да се прочита дека сепак тоа нема да се случи.

Компаниите ставаат исечок на екранот поради добивање на поголеми димензии на дијагоналата, односно екранот, но според мене целиот горен дел станува некако чуден, а посебно ако исечокот изгледа како тој кај Pixel 3 XL од Google.

Она што ние го очекуваме од Samsung се уште помали рамки на горниот и долниот дел од одличниот Infinity екран, за што веќе може да се претпостави дека тоа ќе се случи поради неколку неофицијални најави, како на пример таа за сензор за отпечатоци под екранот.

Дека од компанијата не би вклучиле исечок на екранот на нивниот Galaxy S10 барем, покажува е последното нивно „поигрување“ со Google преку Twitter. На објава од Google за новите Pixel 3 уреди, Samsung се приклучуваат со шега на сметка на големината на исечокот, кажувајќи дека на него може да слета авион ?.

Ова дефинитивно може да се земе како знак дека од компанијата не би влегле во трендот на исечоци, па се надеваме дека шегата не е само насочена кон големината, па тие да претстават многу помал исечок, но не би требало.

Galaxy S10 треба да биде претставен на почетокот од идната година, иако веќе има најави за нешто порано претставување и тој претставува јубилеен модел, односно како што покажува и самата бројка, тој е десетти Galaxy S модел.

ИЗВОРT3
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаМакедонската компанија Интертек единствен претставник на Bits & Pretzels фестивалот во Минхен
Следна статијаШто (не) смее Државата да следи од нашите податоци? (2/2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.