Одреден период Samsung престана со претставување на “полесен”, односно lite модел кај своите главни модели од највисоката класа, меѓутоа конкуренцијата и пазарот си го прават своето, па неофицијалните информации говорат дека ова повторно ќе стане практика.

Порано овие поевтини модели скоро и да немаа сличност со главните модели, освен истото име пред lite ознаката. Тие имаа послаб екран, камера, процесор, меморија, односно скоро се од компонентите на уредот.

Според информации кои доаѓаат од Ice Universe, Galaxy S10 lite оваа година ќе дојде со истиот процесор со којшто ќе дојдат двата поголеми модели. Тој процесор е најновиот Snapdragon 855 во САД, односно Exynos 9820 во Европа и кај нас.

Ова е одлична вест и корисниците кои ќе се одлучат за сепак поевтиниот модел ќе знаат дека ќе можат да ги очекуваат истите перформанси како кај поголемите и “подобри” модели.

Сепак, пониската цена и lite ознаката ќе мора некако да се “оправдаат”, па треба да се очекува “заштеда” од страна на Samsung во другите компоненти од уредот.

Една од работите која се најавува дека ќе дојде во послаба верзија е сензорот за отпечатоци под екранот. Во lite моделот наводно ќе биде вграден послабиот оптички сензор, наместо ултра звучниот како во случајот со другите два модели.

Се разбира, тука е и послабата камера, односно помалку на број камерите, а сигурно ќе видиме и нешто послаба резолуција кај екранот и можеби RAM меморијата.

Како и да е, за разлика од порано, lite моделот ќе биде многу повеќе сличен со другите модели кои го носат истото име, а таков е случајот и со Apple и нивните три најнови модели од минатата година.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаLG SIGNATURE OLED TV R е првиот телевизор со екран кој се намотува и „крие“ во својата основа
Следна статијаNetflix филм предизвика „опасно однесување“ од страна на своите гледачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.