Samsung вчера на настан во Њујорк го претстави најновиот член на Note серијата, Galaxy Note 9. Главните карактеристики на овој уред се големата батерија со капацитет од 4.000 mAh, како и новото S Pen пенкалце кое доаѓа со Bluetooth и со тоа можност за контролирање на одредени активности на телефонот, како што е сликање со камерата, што е одлично за селфи ситуации.

Во продолжение е инфографик од Samsung на којшто најдобро можете да ги видите главните карактеристики на овој одличен нов уред.

Претходна статијаSamsung Galaxy Home е паметен звучник кој работи со Bixby асистентот
Следна статијаWindows Firewall Control стана бесплатен под капата на Malwarebytes
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.