Galaxy Note10 треба да биде претставен најверојатно во август оваа година, па имаме доста време до тогаш. Неофицијалните информации поврзани со овој телефон се се’ уште малку, што не е чудно со оглед на временскиот период до претставувањето, но и актуелноста на неодамна претставените Galaxy S10 модели.

Веќе можевме да прочитаме дека Note10 може да дојде без физички копчиња, иако веруваме дека шансите за тоа се мали, а сега е достапна нова информација за овој бизнис ориентиран смартфон.

Денешната информација делува повеќе веројатна, а би претставувала и до некаде промена во начинот на претставување на Note серијата.

Според информациите, кои доаѓаат од познатиот ETNews, Samsung планира два различни модели оваа година за Note10. Едниот модел би дошол со екран со големина од 6,28 инчи, што е помалку од сегашниот S10+.

Доколку информациите се точни, не е чудно зошто Samsung би сакале да имаат и помал Note, затоа што втората варијанта би имала огромен екран со големина од 6,75 инчи, што веќе го приближува до големина на таблет компјутер.

Овие два модели треба да дојдат со 4G можност за поврзување, но очекувано се најавува дека ќе има и 5G варијанти.

Се најавува и можноста за вклучување на 4 камери на задната страна кај едниот модел, што е исто така веројатно, со оглед на истата поставеност кај 5G верзијата од Galaxy S10.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаWindows 10 May 2019 Update достапна во Release Preview
Следна статијаMicrosoft ја претстави првата тест верзија од Edge направен на Chromium
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.