Samsung треба да го претстави Galaxy Note 9 идниот месец, поточно на 9-ти август на настан во Њујорк. За овој уред веќе има повеќе неофицијални информации, па како и обично, уредот скоро и знаеме каков ќе биде уште пред неговото претставување, што остава многу мал простор за некоја новина која од компанијата имаат успеано да ја сокријат.

Рускиот „тек“ известувач Елдар Муртазин, сопственик на сајтот mobile-review.com, е познат на јавноста со неговите точни информации поврзани со мобилните телефони, а посебно Samsung.

Тој сега тврди дека при неговата посета на САД, има дојдено до одредена верзија од Samsung Galaxy Note 9, па имал шанса да го проба и провери неговите карактеристики. Тој исто така истакнува дека во неговата статија има ставено само информации кои веќе биле достапни неофицијално, па еве што може да се каже дека е потврдено.

Galaxy Note 9 ќе дојде со истиот дизајн на Note 8, што значи на прв поглед тој воопшто нема да се разликува од ланскиот модел. Разлика ќе може да се забележи на задната страна каде сензорот за отпечатоци ќе биде поставен под камерите, кои ќе останат во хоризонтална поставеност како кај ланскиот модел.

Сензорот за отпечатоци ќе биде тргнат од неговата „озогласена“ позиција до камерата, па исто како и кај S9-ките, тој ќе биде поставен под нив, односно повеќе спрема средината на уредот. Ова исто така значи и дека Note 9 нема да дојде со сензор поставен под екранот.

Екранот на Note 9, според тврдењето на Муртазин ќе биде посветол, иако и постариот модел го има еден од најдобрите екрани, без разлика во какви услови се користи.

Она што е одлична вест е потврдата дека Note 9 ќе дојде со батерија со капацитет од 4.000 mAh, што е за околу 20% повеќе батерија, што се надеваме и за поголем процент на траење на истата поради подобри перформанси на поновиот процесор.

Galaxy Note 9 ќе дојде со верзии со 6 и 8 GB RAM меморија, како и избор од 128, 256 и 512 GB простор за податоци. S Pen ќе дојде со Bluetooth поддршка, подобра прецизност, како и поголема интеграција со софтверот на телефонот.

Веруваме дека овие информации се точни, но останува уште нешто повеќе од еден месец до официјалното претставување, па нема да треба да претпоставуваме уште многу.

ИЗВОРT3
Претходна статијаДали нашите смартфони не слушаат додека разговараме до нив? – една универзитетска студија заклучува дека не
Следна статијаПретставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ наградена на ИНФАНТ во Нови сад
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.