Evan Blass

Samsung ќе го претстави Galaxy Note 9 идниот четврток, односно на 9 август на нивниот Unpacked настан којшто ќе се одржи во Њујорк со почеток во 17 часот по македонско време. Настанот како и секогаш ќе биде пренесуван во живо, а ние на време ќе ви го овозможиме преносот, односно линковите од каде ќе може да се гледа.

Достапноста на уредите од Samsung по нивното претставување обично се случува после некоја недела, односно не се достапни во продажба веќе наредниот ден. Датата на достапност обично се најавува на самиот настан, па еве и за тоа имаме неофицијална информација.

Според познат мало продавач на мобилни телефони во Кореа, Galaxy Note 9 ќе стане достапен од 24 август. Тие на нивната страна го имаат ставено за преднарачка, а оваа дата е ставена како датата кога веќе ќе може да се купи.

Ако се земе во предвид досегашното искуство, оваа неофицијална дата делува како можна дата за почеток на продажбата на овој уред. Сепак, Samsung целиот настан го закажа нешто порано од обично, па би било очекувано дека и неговата продажба би почнала порано, а се со цел доаѓање на пазарот пред претставувањето на новите iPhone модели.

Што се однесува до карактеристиките на уредот, веќе можевме скоро се да видиме од неофицијалните информации кои се секогаш достапни, а Samsung исто така објави и три видеа во кои најавува некои од главните карактеристики кои ќе ги има Note 9.

ИЗВОРGeeky Gadgets
Претходна статијаAV-TEST листа на најдобри анти-вирус апликации за Windows 10 од јуни 2018
Следна статијаКрипто 101: Токени – втор дел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.