Samsung Note 7 vs iPhone 6s Plus-update-970-80

Дека смартфоните на Samsung ги имаат најдобрите дисплеи во бизнисот и не е нова вест – Super AMOLED екраните се познати по високиот контраст и длабоките бои. Најновиот таков дисплеј во Galaxy Note 7 заработи највисок скор на DisplayMate тестот за екрани, правејќи голема предност пред останатите паметни телефони, вклучувајќи ги и останатите модели на Samsung од Galaxy серијата.

За разлика од порано, Super AMOLED дисплејот во Galaxy Note 7 има реални бои (опфаќа најширок опсег на бои од сите телефони досега), односно не е преобоен, што е првата работа која е спомната во тестот. Исто така, ова е најсветлиот дисплеј за смартфон во светот со 1.048 nits, што заедно со најмалата рефлективност досега го прави и најдобар за видливост на директно сонце. Дисплејот има и најшироки агли на гледање од сите паметни телефони досега и највисок контраст, што е и очекувано од еден AMOLED екран.

Дисплејот во Note 7 има и неколку карактеристики кои го издвојуваат од конкуренцијата. На пример, тој има сензори за светлина и напред и назад и може многу подобро автоматски да ја подеси осветленоста на екранот, а за долгите сесии на читање и четување навечер достапен е и филтер за „сина светлина“, кој ја прави сликата жолтеникава и со тоа овозможува брзо заспивање потоа (според научниците, сината светлина пречи во заспивањето, бидејќи го потсетува мозокот на денска светлина).

Сите овие карактеристики го прават дисплејот во Galaxy Note 7 апсолутен победник во сите категории во кои бил испитан на мерењата на DisplayMate, што значи дека ако сакате телефон со најдобар екран за читање и гледање видеа, не гледајте подалеку од таблет/телефонот на Samsung.

Во меѓувреме, ќе почекаме да видиме што зготвил Apple во новите iPhone-и, иако со застарената LCD технологија и помалата резолуција (Full HD наспроти Quad HD) тешко дека ќе може да му ги помрси сметките на Galaxy Note 7.

Извор: TechnoBuffalo, TechRadar, BGR

Претходна статијаSeagate претстави SSD диск со огромен капацитет од 60 TB
Следна статијаНајави за можно претставување на Xiaomi Mi Note 2 на 25-ти август