Иако Samsung го претстави екранот којшто е еластичен и може се превиткува (Infinity Flex), тие сепак спротивно на очекувањата, на тој настан не го претставија и финалниот производ, односно уредот кој работи на овој екран.

Овој уред се очекува да биде претставен некаде на почетокот од идната година, односно на MWC 2019 саемот за мобилни во Барселона, по претставувањето на Galaxy S10 уредите. На овој саем се очекува да конечно биде прикажан овој уред, што не значи дека веднаш ќе почне да се продава, но барем ќе видиме како тој ќе изгледа и што ќе може да направи.

Врз основа на истражувачката компанија CCS-CIMB Research од Кореа, односно нивен извештај за иднината на телефоните на превиткување, добиваме и неколку информации поврзани со очекуваниот уред од Samsung.

Прво, според нив овој уред од Samsung ќе биде наречен Galaxy Fold, што е да речеме очигледно име, кое сепак не е неочекувано да се користи за првиот ваков уред.

Исто така, уредот ќе чини да биде произведен околу 637 долари, а ќе се продава за огромни 1.800 долари, очекувано за еден ваков уред.

Батеријата на Galaxy Fold ќе има капацитет од 5.000 до 6.000 mAh, што за еден ваков уред е потребно, односно се помалку од ова и може да биде проблем за издржување на пола ден со еден поголем и уште еден помал екран.

Извештајот исто така истакнува дека Fold ќе работи на Exynos 9820 чипсетот од Samsung, односно на Snapdragon 8150 за верзијата која ќе биде достапна во САД.

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаСослушувањето на директорот на Google во Конгресот на САД во 11 минути
Следна статијаHuawei го претстави својот прв смартфон со дупка во екранот за камерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.