По претставувањето на Galaxy A8s минатиот месец, Samsung сега претстави уште еден екран за којшто се веруваше дека ќе биде промовиран со S10-ките идниот месец.

Се работи за Infinity-O екранот, а тој сега е претставен на уште еден телефон од средната класа, Galaxy A9 Pro.

Главната карактеристика на Infinity-O, како што веќе знаете, е немањето на рамка, ниту исечок на горната страна од екранот. Единствено што може да се види на горната страна е мала дупка за камерата, па заедно со заоблените страни и малата рамка на долната страна, овие телефони имаат одличен однос помеѓу екранот и телото на уредот.

Инаку, Galaxy A9 Pro има 6,4 инчен LCD екран со резолуција од 2.340 на 1.080 пиксели. Работи на Snapdragon 710, има три камери на задната и една камера на предната страна, батерија со капацитет од 3.400 mAh.

Овој телефон сепак е претставен за источниот пазар, па сега за сега нема да може да го видиме на нашиот. Можеби во иднина ќе биде достапен во форма на некој друг сличен модел.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаSamsung ќе ја замени пластиката во пакувањата за производите со еколошки материјали
Следна статијаДојче Телеком e највреден европски телекомуникациски бренд
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.