Веќе имаме доволно информации за да дефинитивно знаеме што да очекуваме од јубилејните S10-ки, кои според вчерашните информации, треба да бидат претставени на 20 февруари идната година.

Денешните информации доаѓаат од продавачот на мобилни футроли Mobile Fun којшто има добиено слики од новите S10 модели од производителот на футроли Olixar. Со оглед на тоа што производителите во одредени ситуации ги добиваат димензиите и карактеристиките на уредот од надворешната страна, ова може да се земе како прилично сигурна информација.

Од сликите се добива потврда дека S10-ките ќе дојдат во три варијанти, односно S10, S10+ и S10 Lite, иако Lite името уште не е сигурно.

Исто така, големината на екраните е иста со информациите кои ги имавме вчера, па се очекуваат следните големини. S10 Lite ќе има 5,8 инчен екран, S10 6,1 инчен екран и S10+ најголем од нив, 6,4 инчен екран.

Друга работа која се потврдува од страна на Olixar е користењето на Infinity-O екран, односно сите три модели ќе имаат екран без скоро воопшто рамки и само дупка на горниот дел каде ќе биде сместена камерата, односно двете камери кај плус моделот.

На задната страна се очекуваат две, три, односно четири камери кај плус моделот, а тоа во главно оди во правец на досегашните информации.

Како изгледа Infinity-O екранот можевме да видиме кај првиот телефон од Samsung кој го користи, Galaxy A8s.

ИЗВОРGSM Arena
ИЗВОР 2PCWorld
Претходна статијаСтартап компанија сака да изгради „бензинска станица“ во орбитата на Земјата
Следна статијаVirgin Galactic го направи својот прв лет до работ на вселената
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.