Филип Френзел од Аален Универзитетот од Германија е студен по инженерство кој доби награда од German Mechatronics Society оваа година. Неговиот производ е футрола за мобилните телефони која за разлика од повеќето, навистина го штити уредот од секаков вид на падови.

На пазарот има футроли кои се специјално направени да го заштитат уредот при падови, меѓутоа за да го овозможат истото тие мора да бидат прилично големи и гломазни.

Футролата на Френзел не е ништо поголема од стандардните футроли, а сепак овозможува одлична заштита на уредот. Тоа го прави преку ефектот кој се споредува со воздушното перниче од автомобилите.

Футролата забележува дека уредот е во слободен пад, по што од четирите агли излегуваат автоматски метални еден вид на држачи разделени на двете страни од уредот, со што се добиваат 8 држачи.

Истите овозможуваат да нема дел од уредот кој би можел да допре на земјата кога ќе падне, со што се овозможува целосна заштита. Нивната еластичност овозможува да се ублажи енергијата од падот која ќе се пренесе на телефонот, па не би требало да има висина од која оваа футрола не може да овозможи заштита.

Френзел планира оваа футрола да ја понуди на Kickstarter, а ние не може да замислиме дека нема да има огромен број на заинтересирани купувачи.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаПроектот Andromeda на Microsoft навистина постои, а еве како го претставуваат внатре во компанијата
Следна статијаПари, секс, дрога, моќ – „Моќ“ се враќа на Pickbox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.