gsmarena_001

За дисплеите на Samsung кои може да се свиткаат веќе пишувавме, но сега има нови информации кои велат дека ќе има два смартфон модели со такви можности, кои би можеле да ги видиме на почетокот од наредната година.

Едниот модел ќе биде веројатно исполнување на сонот на многу корисници на паметни телефони, бидејќи кога ќе биде затворен ќе има големина на дисплејот од 5 инчи, а кога ќе се отвори ќе има големина од 8 инчи. Ова значи дека уредот целосно ќе замени и телефон и таблет компјутер, односно ќе може без проблем да се носи во помал џеб и потоа да се користи како таблет за сурфање и гледање видео содржини на прилично голем дисплеј.

samsung-5-1024x692-1200x0

Вториот модел ќе биде своевиден ретро паметен телефон, бидејќи ќе се преклопува, исто како телефоните од пред 10-тина години, но кога ќе се отвори нема да има тастатура на долниот дел, туку ќе биде целосен дисплеј, горе и долу. Ова решение исто така би можело да има голем дисплеј кога ќе се отвори и прилично мали димензии кога ќе се затвори.

И двата модели сигурно ќе користат OLED дисплеи, за кои веќе видовме дека се лесно свитливи. Моделите инаку веројатно ќе пристигнат на MWC во февруари 2016 година и според најавите, нема да ги заменат Galaxy S моделите, туку ќе бидат целосно нова линија во гамата на производителот. Очекувајте цените да бидат прилично високи, бидејќи технологијата која се наоѓа во овие модели ќе биде исклучително напредна.

Извор: Mashable, GSMArena, Digital Trends

Претходна статијаSamsung Gear Fit 2 е целосно опремена фитнес алка
Следна статијаFacebook тестира подискретен начин за известување на пријателите при објава на постови