По месеци чекање и шпекулации, Samsung, конечно го претстави својот последен модел на мобилен телефон, новиот Galaxy S8. Многу големи очекувања, многу време вложено во процесот на изработка на новиот, како би го нарекле, „знаменосец“ на компанијата, конечно се најде пред очите на јавноста и со сигурност може да се каже дека ги воодушеви дури и оние најскептичните.

Компанијата, меѓу другото, сакаше да се пофали и со самиот креативен процес кој доведе до создавањето на „совршениот“ S8. Една од работите со која Samsung најмногу се гордее е дефинитивно, „бесконечниот“ екран, како и самиот физички дизајн кој, како што велат, цели кон обединување на корисникот и уредот.

Во таа насока, што се однесува до дизајнот, Samsung направи голем исчекор прекројувајќи го изгледот на својот уред во делот на препознатливото Home Button. Целта беше да се создаде повеќе „работен простор“ за корисникот и да се занемари границата помеѓу уредот и вистинскиот свет. Тој впечаток несомнено успешно го оставаат во комбинација со бесконечниот/безграничен екран и уште повпечатливото отсуство на рабови.

На страна од физичките карактеристики во кои корисникот примарно „ќе се вљуби“, Samsung го нуди досега најнапредниот, гласовно управуван, виртуелен асистент, Bixby. Целта на асистентот е да го персонализира уредот што е можно повеќе, а и самиот е предмет на еволуција и „прекројување“ при самото користење.

Од маркетиншки аспект, Samsung секогаш знаеле да воодушеват и да го претстават својот производ во најдобро можно светло. Може слободно да се заклучи дека лансирањето на некој производ на Samsung претставува фокус на настаните од светот на технологијата и ништо друго не е важно. Но, потсетете се само како заврши претходниот грандиозно најавуван Note 7.

Извор: TheNextWeb / Samsung

Претходна статијаFacebook одбележа 5 милиони активни огласувачи
Следна статијаXiaomi Mi 6 пристигнува на 19 април