Samsung е еден од најпознатите производители на екрани, а кога се во прашање мобилните телефони, тие може слободно да се каже дека и немаат конкуренција. Нивните уреди од највисоката класа секоја година ги добиваат највисоките оценки, а тоа е случајот и со најновиот Galaxy Note9.

Познатите DisplayMate ги направија своите тестови на Note9 и тие истакнуваат дека екранот на овој смартфон поставува нови рекорди и ги носи перформансите на екранот до рекордни нивоа.

Како што истакнуваат од компанијата која ги тестира екраните, OLED екраните се моментални најдоброто нешто што може да се користи во еден мобилен телефон. Од овие екрани зависи како ќе изгледаат апликациите кои ги користиме, сликите кои ги гледаме и видеата и слично. Кратко кажано, екранот на еден телефон е клучен фактор за добро корисничко искуство.

Galaxy Note9 поставува рекорди во апсолутна прецизност на прикажување на боите, како и апсолутен квалитет на сликата.

Според DisplayMate, Note9 го има досега најдобриот екран кои тие го имаат тестирано. Со оглед на угледот на Samsung Display и досегашното искуство, тоа воопшто не е чудно.

Екранот на Note9 во многу области го надминува значително ланскиот Note8, а тоа важи и за iPhone X кој како и сите уреди од Apple важат за уреди со одлични екрани, меѓутоа сепак Samsung нема проблем да ги надмине лесно.

Целосниот тест, односно извештај од DisplayMate можете да го погледнете на следниот линк.

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаИАБ Македонија и МААМ потпишаа меморандум за соработка
Следна статијаSamsung Galaxy S10 ќе има тројна камера на задната страна која ќе биде главната карактеристика на овој уред?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.