Cinemagraphy – уметност на врвот на вашите прсти

Motorola ви овозможува да се издвоите од сите останати

Прекрасна фотографија или провокативно видео со интересен текст е клучот за добивање на поголем број фанови и следбеници на социјалните мрежи – тоа веќе не е тајна за никого. Создавањето на интересни содржини за Facebook и Instagram бара сè поголема креативност. Социјалните мрежи ги диктираат актуелните трендови на претставувањето на информациите, особено рекламните. Најинтересен тренд во моментот, кој брзо сe здобива со популарност е создавањето на cinemagraphs. До неодамна, оваа технологија беше достапна претежно преку платени апликации, а сега Motorola им ја обезбедува на своите корисници во форма на фабрички вграден режим во камерата на смартфонот. На тој начин, им овозможува да се изразат себеси на покреативен и поатрактивен начин во социјалните медиуми.

Cinemagraphs се статични слики во кои има лесно повторувачко движење – коса која се вее на ветрот, одраз на стаклото на такси кое поминува, капка вода која се лизга по свежо измиено овошје… Анимацијата е деликатна, едвај забележлива, а останатите објекти остануваат смрзнати. Но, контрастот помеѓу статиката и движењето е јасно изразен и создава визуелна илузија на жива слика или дека сликата е дел од видео.

Како пресечна точка помеѓу фотографијата, уметноста и киното, cinemagraphs за прв пат се појавуваат во 2011 год. благодарение на американските фотографи Џејми Бек и Кевин Берг кои ја создаваат техниката, со цел да додадат различност на своите модни фотографии.

Motorola е првиот бренд кој ги користи во маркетинг кампања – за индискиот пазар. Во 2015 год., Moto 360 2nd generation смарт часовникот е претставен со импресивна серија од cinemagraphs кои ги претставуваат основните предности на производот – да им ги покажува на корисниците најважните новости, без да треба постојано да го држат телефонот во рака и се разбира да го покажува времето. Таква е и идејата на cinemagraphs, да го фатат и да всадат живот само на најважното во сликата и да го задржат статично помалку значајното во дадениот момент.

Сега компанијата го става создавањето на cinemagraphs на врвот на прстите на своите корисници со два од своите смартфони, кои излегоа на пазарот оваа година – moto z3 play и motorola one.

Правењето на серија од слики, специјалниот софтвер, техниката за обработка… Сето тоа останува во минатото. Со омилениот Motorola уред, cinemagrpahs се готови за миг.

Сè што треба да направите е да го изберете режимот за cinemagraphy на камерата и да го притиснете и задржите копчето за снимање. Потоа, самата камера предлага соодветен елемент од сликата за анимирање. Ако не ви се допаѓа, може да изберете друг. Ќе бидете задоволни од резултатот и ќе ги импресионирате вашите следбеници на социјалните мрежи.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.