Новите Galaxy S9 модели Samsung ќе ги претстави на традиционалниот Unpacked настан кој годинава повторно ќе се одржи веднаш пред почетокот на MWC 2018 саемот во Барселона. Тоа значи дека за разлика од лани, S9-ките ќе ги видиме и ќе почне да се продаваат нешто порано, односно на 25 февруари.

Информации како и обично излегуваат константно, па интересно е да се следат за да видиме што може да очекуваме од новите модели. Зошто да бидеме изненадени, нели?

Иако ова веќе скоро сигурно го знаеме, значителни промени во дизајнот се прават на најмалку две години, сепак од новите слики кои ги пушти Evan Blass може да се види дека новите S9-ки ќе изгледаат како ланските модели.

Од сликите исто така се гледа дека 9-ките ќе имаат нова боја во понудата, односно одредена нијанса и комбинација на основа на виолетова боја.

Она што повеќе ќе ги интересира повеќето фанови е достапноста на двојната камера само на поголемиот модел. Обично двата модели се разликуваат само по димензиите и големината на батеријата, меѓутоа овој пат Samsung очигледно се решава да ја зголеми разликата.

Според информации кои ги објави порталот TechRadar цената на новите уреди ќе биде различна од таа на претходниците. Истата треба да биде повисока за 100 фунти во Британија, па најверојатно соодветно ќе биде и разликата во другите валути.

За крај преку следниот линк можете да ја симнете новата официјална позадина која ќе биде дел од новите S9-ки.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаВетеринари во Калифорнија лекувале изгореници на мечки со помош за еден необичен фластер
Следна статијаTiVo на гледачите во САД ќе им овозможи прескокнување на Super Bowl натпреварите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.