TCL, компанијата која сега ги има правата за претставување на телефони под брендот на BlackBerry, го претстави најавениот BlackBerry KEY2, во текот на вчерашниот ден на настан во Њујорк.

За овој уред веќе можевме да прочитаме доста информации, а и од самата компанија излегоа со информација за тоа што може да се очекува од новиот KEY2. Се работи за уред кој ја продолжува Keyone серијата од средната класа во главно наменет за деловните корисници.

Она по што се истакнува овој уред секако е неговата физичка тастатура по која беа познати BlackBerry пред кратко кажано да пропаднат поради ненавремено прилагодување на новата генерација на мобилни телефони која започна со претставувањето на iPhone.

Тастатурата за разлика од претходниот модел е надградена со неколку новини. Па така, копчињата се нешто поразлично дизајнирани, но и поголеми за полесно и попрецизно пишување. Исто така, во оваа тастатура е вклучено и ново копче кое се користи за брзо вклучување на одредени апликации, како на пример притискање на копчето, заедно со буквата G, се стартува Gmail апликацијата.

Во spacebar копчето од тастатурата е вграден сензор за отпечатоци на прстите.

KEY2 доаѓа со 4,5 инчен екран со резолуција од 1.620 x 1.080 пиксели, а овој „чуден“ формат е поради повеќе квадратната форма на екранот со сооднос 3:2. Ова е прилично различно од трендот на издолжени екрани кај конкуренцијата, меѓутоа тие немаат физичка тастатура.

Уредот е изработен од познатиот материјал „мек на допир“ од задната страна, а страничната рамка е изработена од алуминиум.

Работи на Snapdragon 660 и вклучува 6 GB RAM меморија, како и избор од 64 и 128 GB простор за податоци. Полнењето на батеријата е со брзо полнење, а од компанијата истакнуваат дека телефонот може да издржи и до два дена без полнење.

На задната страна за првпат на BlackBerry уред е ставена двојна камера со сензор од 12 мегапиксели.

Уредот ќе се продава по прилично висока цена од околу 650 долари.

Претходна статијаZTE продолжува со работа по постигнување на договор со американските власти
Следна статијаMicrosoft постави подводен дата центар до крајбрежјето на Шкотска
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.