Исечоците на екраните ги гледаме кај голем број на смартфони оваа година. Иако не беа први, сепак трендот го почнаа Apple, па го продолжија и со нивните најнови модели претставени оваа есен.

Главната причина за вклучување на исечок на екранот е да се добие уште некој милиметар во големината на екранот, а посебно во дијагоналата која поминува до исечокот. Сепак според мене не добиваме нешто многу со тој простор којшто на тој начин е поделен и мене лично не ми се допаѓа.

Asus, ако се точни моментално добиените информации, ќе го однесе овој тренд во тотално непотребен правец. Тие наместо да конкурираат со тоа што нема да вклучат исечок, истиот ќе го стават на многу чудно место.

Поточно, од сликите и видеата до кои има дојдено порталот HDBlog.it, може да се види уред кој има многу мал исечок, доволно голем за да се смести камерата, во десниот дел од екранот.

Google веќе го прилагоди својот оперативен систем за исечоците, па сигурно би помислиле дека ако веќе некој го користи, тие обично се сместуваат на средината од екранот, каде и најчесто нема информации да се прикажат.

Ова го прави уредот од Asus навистина чуден, па не сме сигурни дека тие дефинитивно ќе се одлучат вака да изгледа финалниот производ, а информациите се дека сепак ова е прототип.

Инаку, се верува дека ова ќе биде ZenFone 6 кој треба да биде претставен на почетокот од идната година на CES или MWC настаните. Останатите карактеристики од телефонот треба да бидат од високата класа, односно наредната генерација од Snapdragon процесорите и слично.

ИЗВОРXDA Developers
ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаПочитувањето на сообраќајната сигнализација не е право на избор
Следна статијаGoogle Chrome 71 ќе ги блокира сите реклами на страните кои имаат лажни реклами
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.