Минатата недела Asus го претстави ROG Phone, односно телефон со брендот Republic of Gamers, соодветно наменет за гејмерите. Можеби еден од ретките мобилни телефони со навистина многу карактеристики кои ќе го направат погоден специјално за корисниците кои навистина сакаат да играат игри преку нивниот телефон, ROG Phone дојде со уште една ретка карактеристика.

ROG Phone доаѓа со 8 GB RAM меморија за која се поставува прашањето дали воопшто е потребна на еден мобилен уред, без разлика што тој е наменет за играње игри. Претпоставувам дека тестирањата во иднина ќе покажат дали на еден мобилен уред му е потребна ваква RAM меморија.

Сепак, додека ние се мислиме дали 8 GB RAM е многу и непотребно, информациите покажуваат дека од Asus се обидувале да претстават уред со 10 GB RAM меморија, а не е чудно да се претпостави дека тој уред би бил претставениот ROG Phone.

Причината поради која тие не се решаваат сепак да вградат 10 GB RAM меморија е просторот во уредот кој сепак не дозволувал поставување на доволно модули за меморијата.

Информацијата доаѓа од еден од авторите во тимот на WinFuture.de, меѓутоа тој не кажува од каде му се овие информации и дали се точни. Кога ќе се земе во предвид дека и 8 GB RAM е многу, не е чудно да се поверува дека од Asus се обиделе да вградат и повеќе.

Вградувањето на компоненти со се поголема вредност се користи за подобар маркетинг на производот, па не секогаш тоа е и навистина корисно. За гејмерите сигурно добро звучи кога уредот има што повеќе RAM, па затоа и ROG Phone доаѓа со ретките 8 GB.

ИЗВОР 2Ubergizmo
Претходна статијаGoogle ќе направи мали промени на дизајнот на страната за најавување на сметката
Следна статијаFord патентира волан кој се претвора во држач за лаптоп компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.