Apple работи на закривени екрани и контрола преку гестикулација за идни iPhone-и. Овој проект се најавува како начин од компанијата да ги диференцираат нивните производи во се повеќе „натрупан“ пазар, истакнуваат извори на Bloomberg за овој медиум.

Она што е интересно според информациите е начинот на којшто екранот би бил закривен. Наместо од страните, по должината на уредот, како што е случајот со смартфоните од Samsung, Apple работи на закривување на горниот и долниот дел од уредот.

Ова дефинитивно ќе им даде уникатен изглед на идните iPhone, а можеби и други уреди. Во овој момент не можам да замислам, односно да се сетам која би можела да биде практичната предност на ваков вид на закривување, во споредба со странично.

Според информациите, Apple исто така работи и на контрола на уредот со гестикулации, без потреба од допирање на екранот. За разлика од другите вакви гестикулации, кај Apple ќе работат директно преку екранот, поради што прстот ќе треба да е блиску, но затоа нема да има потреба од други сензори.

Според изворите на Bloomberg и двете технологии се најмалку 2-3 години до комерцијално воведување во некој од тогаш актуелните уреди. Со оглед на тоа, не се исклучува можноста да тие и не бидат воведени, а нивниот развој да остане само како идеја.

Две до три години не е мал период, а со оглед на развојот на технологијата, може да биде развиено нешто тотално друго, па оваа идеја, иако звучи интересно, да биде лесно надмината.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаПоттикнување претприемништво, иновации и вреднсоно лидерство остануваат во центарот на програмите и активностите на Македонија2025
Следна статијаOnePlus потврди дека OnePlus 6 ќе дојде со Snapdragon 845 и до 8GB RAM во комбинација со 256GB простор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.