iphone-7-rose-gold

Веќе неколку пати можевме да прочитаме за тоа дека Apple планира да се префрли на OLED технологијата за екраните на своите уреди, а со тоа и да понуди модел со заоблен екран.

Повторно можеме да прочитаме такви тврдења, кои сега додаваат дека моделот на iPhone кој би бил со заоблен екран ќе биде екстра модел, односно другите два кои се веќе дел од стандардната понуда ќе останат. Тоа прави да Apple има три модели идната година во својата понуда, а можеби и четири доколку се одлучи да понуди и нова генерација од SE моделот од оваа година.

Заоблен екран ќе има само едниот модел, додека останатите би продолжиле да се нудат со рамен LCD екран, како што е тоа случајот досега.

Исто така се истакнува дека екраните ќе треба да ги прави Samsung, но не е познато дали ќе може да постигнат со производство и за нивните потреби.

iphonewraparounddisplay-800x511

Инаку, заобленоста на екранот на iPhone се очекува да биде таква како што е на Edge моделите од Samsung. Големината на екранот се најавува за 5,8 инчи, меѓутоа поради заобленоста, големината на самиот уред ќе биде на ниво со помалиот модел.

Искуството покажа дека корисниците многу добро ги прифатија заоблените модели на Samsung, до тој степен што се најавува можноста компанијата во иднина сите модели од највисоката класа да ги претставува само со заоблен екран.

Кога ќе се земе ова во предвид, воопшто не е чудно и Apple да се одлучат да понудат свој уред во оваа популарна класа. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека продажбите им се во опаѓање изминатите години, потребно е покрај нешто ново, да понудат и нешто што е навистина популарно кај конкуренцијата.

Извор: TNW, MacRumors, Nikkei

Претходна статијаСеавус Инкубатор ја најави првата бесплатна пред – акцелераторска програма за ИТ стартапи и претприемачи
Следна статијаMotorola го обвини Samsung дека украле нивна функција, заборавајќи дека Nokia Lumia се првите телефони со неа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.