iphone-6-concept-nowhereelse-and-martin-hajek-003-1200x573

Според неофицијални информации кои доаѓаат од кинескиот весник Nikkei, Apple планира да го зголеми периодот во којшто претставуваат нов дизајн за нивниот најпознат производ, iPhone.

Иако овие информации не може да се претпостави до кој степен има шанса да се точни, сепак доколку се земат во предвид сите досега достапни неофицијални информации за наредниот iPhone кој треба да биде претставен оваа есен, може да се каже дека тие одат во тој правец.

За iPhone 7 досега излегоа повеќе неофицијални информации кои најавуваат вклучување на двојна задна камера, повеќе, односно 3GB RAM меморија и слично. Меѓутоа, сликите коишто можевме да ги видиме од овој модел, покажуваат дека тој ќе изгледа исто како и досегашните модели, односно ќе го има дизајнот којшто беше воведен со iPhone 6 минатата година.

Поголеми промени се најавуваат за идната година, кога се очекува iPhone да биде изработен целосно од стакло, да вклучува OLED екран, а повеќе информации ќе може да очекуваме со тек на време.

Според изворот на информациите, зголемувањето на периодот на освежување на iPhone се должи на малиот простор за воведување на нови функции кај телефоните, како и намалувањето на продажбите.

Се поставува прашањето, дали е ова добра одлука на Apple, секако ако се покаже како точна. Еден од најголемите фактори во продажбите на новите телефони е промената на нивниот дизајн од којшто корисниците често се заситуваат.

Три години пауза помеѓу редизајн на iPhone може да се покаже како голем период, а посебно ако моделите во меѓувреме не вклучуваат други новини кои ќе бидат доволно големи за да го компензираат немањето на понов изглед.

Извор: Mashable, 9to5Mac, Ubergizmo

Претходна статијаIntel претстави нов супер моќен Core i7 процесор со 10 јадра
Следна статијаTesla Gigafactory ќе се отвори на 29-ти јули
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.