Веќе неколку години по ред одредени помали новости кои ги претставува Apple, прво ги прикажува во бета верзијата од iOS која е достапна неколку месеци пред есенскиот настан на кој се претставуваат новите iPhone-и.

Од слика која се прикажува на новиот iOS 13, за поврзување со компјутерот, случајно е забележано дека кабелот којшто обично се прикажува, сега е променет и наместо стандардниот Lightning, приклучокот наликува на USB-C.

Да не навлегуваме многу во веројатноста да ова може да се смета како добар извор за очекувањата за новите iPhone-и, па само ќе кажеме дека се има случено и порано.

Што би значела оваа промена за корисниците на iPhone. Во основа, кабелот и приклучокот најмногу прават разлика кога корисникот не е дома, па се најде во ситуација да му снема батерија. Секогаш кога се оди некаде, се наоѓа некој да носи полнач, но освен во САД каде iPhone држи голем дел од пазарот, во остатокот од светот, тој полнач сигурно ќе биде за некој Android телефон.

Android телефоните постепено се префрлаат на USB-C кабелот, па многу е лесно да се користи туѓ полнач во ситуација кога се нема избор. Сега ова ќе можат да го прават и корисниците на iPhone. Реално некоја друга поголема предност од оваа потенцијална промена нема.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаНовата iCloud for Windows апликација е направена во соработка со Microsoft и е многу подобра од претходната верзија
Следна статијаОдмаздници: Завршница (кратка рецензија)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.