apple-foldable-iphone-patent-1

Иако првите телефони кои можат да се свиткаат ги очекуваме од Samsung или LG, еве нов патент кој го најавува спротивното. Имено, Apple уште во 2014 година поднел патент за телефон кој може да се преклопи, со дисплејот на надворешниот дел.

Ова не е прва ваква идеја, но Apple ја има одлично изведено. Имено, кога ќе се преклопи телефонот, лесно може да се стави на парче облека. Потоа и покрај тоа што тој ќе биде свиткан, корисникот ќе може да ги користи стандардните функции, како на пример да го види времето или да одговори на некој повик на едната половина на дисплејот.

apple-foldable-iphone-patent-2

Ваквата можност сепак е малку нејасна, бидејќи во времето на мобилните телефони имаше многу држачи со кои можевме да ги закачиме на нашата облека, кои очигледно не успеаја, односно корисниците не се особено расположени да им виси телефонот на облеката. Како и да е, со склопувањето, ваков iPhone барем би бил помал и би бил многу полесен за носење во џеб, што според мене е главната придобивка.

Телефонот спомнат во патентот инаку би имал OLED дисплеј, кој е технологијата на иднината, особено за свитливите телефони. Според сите информации, Apple би требал да вгради ваков дисплеј во iPhone 8 наредната година, но поради  недоволно големо производство, тој веројатно ќе биде резервиран за поголемиот модел.

Извор: Fox News, BGR, Apple Insider

Претходна статијаКако до ефикасна, брза презентација?
Следна статијаWestern Balkan Startups – приказна за паметење