Корејскиот ETNews тврди дека Apple ќе го отстрани т.н. изрез од предниот дел на OLED екраните кои се појавија на уредите од последната генерација. Тие сметаат дека уредите кои ќе се појават во 2019-та година ќе поседуваат различна технологија за која нема да има потреба од популарниот изрез. На тој начин, екранот ќе го прекрива комплетно предниот дел од уредот.

Непознато е каде би се преместила технологијата која во моментов е сместена во изрезот. Меѓу останатото, во него се наоѓа предната камера, инфра-црвена камера за фацијално препознавање, звучник и низа сензори. Статијата е пишувана врз основа на податоци добиени од соработници на Apple. Авторот смета дека се работи на имплементирање на претходно споменатата технологија во самиот екран.

Најлогичното објаснување е дека микрофонот и звучникот ќе „заминат“ во горниот дел од уредот односно горниот раб. Останатите неопходни технологии би се сместиле во рамка која би била за нијанса подебела од актуелната. Некои извори велат дека Apple веќе поседува патент за имплементација на претходно споменатиот зафат.

Од компанијата, секако, нема официјален коментар на темата. Па така, ќе мора да се почека на промоцијата на нивниот нов уред за да видиме дали фамозниот израз и понатаму ќе биде дел од iPhone.

ИЗВОР9to5 Mac
ИЗВОР 2ETNews
Претходна статијаПреамбициозниот план на Елон Маск за телепатска комуникација помеѓу луѓето
Следна статијаБојана од Мој Психолог: Човекот стагнира во овој виртуелен свет кој го создадовме