Apple стандардно претставуваше еден до два модели во поново време, додека од пред некоја година почна да претставува три. Оваа година трите модели најдобро се поделија, односно два се во Про категоријата, додека еден е со пониска цена, барем за стандардните цени на Apple.

Според одредени аналитичари, Apple идната година планира да го зголеми бројот на iPhone 12 модели и тие ќе дојдат во четири варијанти.

Наводно, iPhone 12 ќе има две верзии, како сегашната со 6,1 инч и нова помала верзија со 5,4 инчи. Со тоа Про моделот со 5,8 инчи веќе не би постоел, барем не во таа големина.

Останатите два модели ќе бидат од Про категоријата и ќе имаат екрани со големина од 6,1 и 6,7 инчи. Според ова, помалиот Про модел идната година би бил поголем и би имал екран со 6,1 инч.

Со тоа, големината од 6,1 инч ќе добие два модели, од кои едниот ќе биде како и лани поевтин, додека другиот ќе биде Про модел. Макс моделот ќе ја задржи својата големина.

Петтиот модел кој се најавува е iPhone SE 2 за кој од Apple нема никакви најави, но веќе подолго време е предмет на шпекулации. Овој телефон, доколку навистина биде претставен, може да биде претставен во различно време од останатите, односно може да го видиме и порано во годината.

Уште една информација која е пуштена заедно со овие е дека Apple може повторно да го врати Touch ID со тоа што конечно ќе вгради сензор за отпечатоци под екранот. Дали сите модели би го имале овој сензор не е познато, но сигурно голем број на корисници ќе бидат задоволни од оваа одлука.

Идната година се очекува да биде и годината кога iPhone ќе добие и 5G поддршка, а со оглед на тоа што повеќето оператори ќе ги имаат спремно своите 5G мрежи во 2020, тоа воопшто не би требало да биде предмет на шпекулација.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаGmail воведе можност за прикачување на цели имејл пораки како датотеки и нивно испраќање
Следна статијаЛинкови од разни ќошиња на интернетот (#12)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.