curved-iphone

Иако популарноста на iPhone сѐ уште е на многу високо ниво, факт е дека барем во поглед на дисплеите, паметниот телефон на Apple не е на нивото на конкуренцијата. На пример, Samsung веќе извади телефони со заоблени дисплеи на краевите, а поголемиот дел од конкуренцијата има екрани со повисока резолуција. Ова би можело да се смени во многу скоро време.

Имено, според патент поднесен од Apple, тие имаат идеја за паметен телефон кој ќе има дисплеј кој целосно го опкружува телефонот, од предниот дел до задниот дел. Горниот и долниот дел и натаму ќе бидат обични, што е и нормално бидејќи тука треба да се сместат сите останати компоненти, како звучниците, микрофоните и камерата.

Вака на хартија овој дизајн делува навистина импресивно, но останува да видиме како ќе функционира во пракса. Дисплеј на двете страни е одлично решение за оние кои сакаат секогаш да имаат поглед на дисплејот на својот телефон, независно од тоа на која страна е свртен, но кога го држите во рака, само еден дисплеј ќе биде употреблив, па оттука и неговата ограничена употребливост.

Исто така, сите копчиња на овој телефон би биле софтверски, дури и оние за гласност, што значи дека ќе биде тешко да се погодат доколку не гледате во телефонот. Според тоа, овој патент на Apple и покрај тоа што беше одобрен неодамна, според мене не значи дека ќе видиме ваков телефон, туку едноставно е направен за да не го направи некој друг во иднина (кхм, Samsung).

Наместо ваков дизајн, наредниве неколку години очекувајте паметни телефони и таблети кои ќе може да се свиткаат на половина или околу раката – нешто што би било навистина корисно и револуционерно.

Извор: Ubergizmo, 9 to 5 Mac, The Next Web

Претходна статијаApple ја претстави новата верзија на OS X – ќе се вика macOS Sierra и ќе ја донесе Siri на декстоп компјутерите
Следна статијаProject Scorpio е нов, графички супер моќен Xbox кој ќе пристигне наредната година