Двојните камери кај смартфоните од средната и високата класа денес (или единечна камера со двојни пиксели како кај Pixel 2 смартфоните) имаат прилично добра способност за препознавање на длабочина на тоа што го гледаат, но тие и натаму не се доволно точни за примена во апликации со проширена реалност кои бараат голема прецизност.

Затоа, најголемиот играч на смартфон сцената Apple работи на нов ласерски 3D сензор, кој може да ја препознае длабочината на околината со исклучителна точност и благодарение на тоа да ги смести виртуелните елементи точно на местото каде тие треба да се наоѓаат (на пример во случај на навигација) или пак каде ќе сака корисникот во некоја игра со проширена реалност.

Технологијата вака на хартија е прилично едноставна – сензорот ќе пушти мноштво ласери во околината и ќе може да ја измери длабочината на полето зависно од тоа после колку време кој ласер ќе се проектира назад. Сепак, изведбата на оваа технологија е многу тешка, бидејќи како што знаеме ласерот патува со брзина на светлината и разликата во времето ќе биде исклучително мала.

Како и да е, според извори од Bloomberg, ласерскиот 3D сензор на Apple би бил спремен за 2019 година, кога најверојатно ќе биде вграден во iPhone-от кој ќе биде лансиран таа година. Apple сепак нема да биде прв со ваков тип на технологија – Intel Project Tango системот за проширена реалност веќе се вградува во Lenovo Phab 2 Pro смартфонот и прилично успешно ја мапира околината со голема точност.

Извор: The Verge, Bloomberg, BGR

Претходна статијаQualcomm ја одби понудата за преземање од Broadcom вредна 130 милијарди долари
Следна статијаDream Chaser, новиот „спејс шатл“ имаше успешно слетување