CPoLipjVAAA9VvS.jpg large

Веќе подолго време читаме за тоа дека BlackBerry спрема уред со кој што ќе влезе на пазарот на Android телефони. Во меѓувреме дури оваа информација се чинеше дека сепак не е точна, за да потоа повторно продолжат да излегуваат неофицијалните информации.

Со оглед на фактот дека BlackBerry не успева да врати барем мал дел од поранешниот пазарен удел, префрлувањето на овој успешен оперативен систем, се чини како дефинитивно можен и очекуван потег. Ова е нешто што се советуваше да го направи Nokia уште „на времето“, нешто што доколку го направеше можеби и ќе ја задржеше својата позиција до пред излегувањето на првиот iPhone.

Познатиот „протекувач“ на информации кои што многу често се покажуваат како точни, Еван Блас, подобро познат како evleaks, излезе со според него името кое што ќе го има Android телефонот од BlackBerry. Името кое што тој тврди дека ќе се користи е BlackBerry Priv, што можеби треба да асоцира на подобрената приватност која што ќе ја нуди овој телефон, нешто по што се познати уредите од оваа компанија.

Инаку, телефонот досега во неофицијалните информации беше нарекуван Venice, што изгледа е неговото кодно име, односно име за внатрешна употреба во компанијата до официјалното именување.

Дека телефонот навистина постои се појави како доказ и видео на кое што е прикажан истиот. На истото може да се види лизгачката тастатура која што излегува од зад екранот и го овозможува карактеристичното BlackBerry корисничко искуство. Ова е дефинитивно карактеристика која што ќе го издвои овој уред од останатите, а ги има многу.

За потсетување, BlackBerry Priv се очекува да дојде со 5,4 инчен екран со резолуција од 2.560 x 1.440 пиксели, а би работел на Qualcomm Snapdragon 808 чипсетот со процесор со шест јадра, како и 3 GB RAM меморија и 32 GB простор за складирање на податоците.

Ќе биде интересно да се види каков ќе биде пазарниот удел на BlackBerry доколку навистина реши да се префрли на Android оперативниот систем и што тоа ќе значи за останатите производители.

Извор: Cnet, Engadget, @evleaks

Претходна статијаMicrosoft ја претстави Invite – iOS апликација за поедноставно организирање на состаноци
Следна статијаGoogle Keep достапен на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.