samsung-g-note-3-lollipop

Едно од главните прашања на корисниците, а посебно на поновите и појаките модели на телефони, по излегувањето на нова верзија од нивниот оперативен систем е кога производителот ќе ги надгради уредите со таа верзија. Ова е нешто што постепено станува помал проблем, односно производителите почнаа многу побрзо да ги надградуваат своите уреди, за разлика од повеќето месеци кои што требаа да поминат во чекање, па дури и за некоја постара верзија од системот.

Со официјалното излегување на Android 5.0 Lollipop корисниците на скапите Galaxy модели од Samsung сигурно истражуваат по интернет кога ќе можат да ја добијат оваа верзија на нивните уреди. Можеби таа информација се’ уште не е сигурна, но достапни се видеа од кои што се гледа дека на надградбата се работи и дека развојот е во напредна фаза. Тоа значи дека корисниците на некои од уредите може да очекуваат надградба до крајот на годината или почетокот на идната.

Во продолжение можете да видите видеа на кои што е прикажана работата на три Samsung модели на најновата верзија од Android оперативниот систем. Тоа покажува и дека ова се уредите кои што најбрзо ќе биде надградени. Се работи за моделите Galaxy S4, S5 и Note 3, но се разбира Note 4 ќе ја добие надградбата, можеби и порано од овие модели.

Од видеата може да се види дека Samsung има применето некој од новите дизајн принципи на нивниот TouchWiz. Вклучени се нови фонтови, нови анимации, апликации направени во Material дизајнот и слично.

Видеата можете да ги видите во продолжение и да добиете претстава што можете да очекувате за вашите уреди во периодот што следи. Видеата се направени од порталот SamMobile.

Претходна статијаFoursquare 4.0 за Windows Phone го донесува новиот дизајн и функции на апликацијата
Следна статијаGoogle Chrome 39 достапен за симнување, донесува 64-битна поддршка за Mac
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.