Engadget
Engadget

OneTouch Smartbook претставува концепт лаптоп кој што нема веднаш да биде достапен за корисниците. Претставен на MWC 2014 настанот, концептот вклучува 11 инчен лаптоп кој што претставува само куќиште, односно нема процесор, меморија и слични хардверски компоненти. Тој е составен од мониторот, тастатурата и стаклен trackpad. Лаптопот работи преку поврзување со мобилен телефон, односно тој е само монитор за мобилниот телефон на кого што се главните компоненти.

Ваков концепт веќе имаме видено како крајни производи, од кои што можеби најпознат е PadFone од Asus кој е составен од мобилен телефон и таблет компјутер со можност за прикачување на тастатура. Таблет компјутерот работи само кога мобилниот телефон е приклучен, во случајот во специјално лежиште на задната страна од уредот. Таблет компјутерот служи како монитор на кој што се пренесува сликата од мобилниот, а добива и посебен таблет интерфејс кога е приклучен.

Она што го прави интересен и го издвојува OneTouch од Alcatel е начинот на кој што мобилниот телефон се поврзува, во овој случај со лаптопот. Наместо поставување на телефонот во посебно лежиште или поврзување преку кабел, тој се поврзува безжично преку Wi-Fi. Поточно видеото/екранот се пренесува преку Wi-Fi, додека маусот кој што се контролира преку trackpad-от, како и тастатурата преку Bluetooth. Поврзувањето на двата уреди се прави преку допирање на мобилниот на посебен дел од лаптопот, нешто слично на NFC, со што се врши препознавање на уредите.

Лаптопот е направен од алуминиум, екранот е со големина од 11 инчи со Full HD резолуција и трајност на батеријата од еден ден, барем според Alcatel. Нешто што може да се забележи на Alcatel е нe вклучувањето на екран на допир, меѓутоа со оглед на фактот што производот е сеуште во концепт фаза, можеби кога ќе биде претставен истиот ќе биде дел од крајниот производ.

Во продолжение погледнете го демо видеото направено на MWC 2014 настанот од страна на Engadget порталот.

http://www.youtube.com/watch?v=eYYnLVNFeAs

Извор и слики: Engadget

Претходна статијаSamsung го претстави Galaxy S5
Следна статијаWhatsApp ќе воведе гласовни повици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.