OnePlus 6 е најновиот смартфон од овој кинески производител кој треба да биде претставен наскоро. Како и другите кинески производители, така и OnePlus се познати по уредите со одлични перформанси и карактеристики, но со пониски цени од конкурентите.

Од компанијата вчера на Twitter објавија кратко видео, само 4 секунди, преку кое најавуваат дека претставувањето на уредот се ближи. Од видеото освен бројката која е на ред да стои во името на телефонот, друго нешто не може да се дознае, па останува да го причекаме официјалното претставување, а тука се како и секогаш неофицијалните информации.

OnePlus 6 се очекува да биде прав „знаменосец“’ како што ги нарекуваат најдобрите модели од еден производител. Веќе имаше и најави дека сензорот за отисоци од прстите ќе биде сместен на предната страна под екранот. Одреден период се веруваше и дека овој телефон ќе биде првиот со ваков сензор, меѓутоа беше претркан од Vivo со нивниот X20 Plus UD модел.

Оваа информација се’ уште не е сигурна, а друга информација која исто така се најавува и е до некаде поврзана со првата, е можноста OnePlus 6 да дојде со исечок на горниот дел од екранот. Овој стил полека станува се повеќе популарен, а повеќето го нарекуваат копирање на нешто што го започна Apple со iPhone X.

OnePlus 6 треба да дојде со моментално најновото достапно од Qualcomm, односно со Snapdragon 845. Исто така, се најавува и 6, а можеби и 8 GB RAM меморија, како и 64 и 128 GB простор за складирање.

Цената на 6-ката се очекува да биде нешто повисока од претходните модели, односно таа ќе биде поблиска до конкуренцијата. За моделот со 64 GB се најавува цена од околу 520 долари, додека за 128 GB моделот, цена од 600 долари.

Во продолжение официјалниот „тизер“ од OnePlus на Twitter.

ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаИАБ Македонија усвои саморегулаторен етички кодекс на онлајн издавачите во Македонија
Следна статијаЕксклизивни рендери од LG G7 – исечок на горниот дел, двојна камера, одличен дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.