Со толку многу претставени 5G смартфони на MWC19 во Барселона, не е тешко да се збуниме и да заборавиме дека првиот 5G уред всушност беше официјално објавен уште минатата година, а тоа е 5G Moto Mod модулот на Motorola, пишува PCMAG. Тој се прикачува на задниот дел на moto z3 и работи во 5G мрежата на Verizon. “Од американската компанија потсетуваат дека не само што беа први, туку и дека модулот нуди најдобри перформанси во однос на траењето на батеријата”, се вели уште во материјалот на медиумот.

“Кога се појави LTE поврзувањето во 2010 год., корисниците беа среќни што батеријата успеваше да издржи дури половина ден. Со 5G Moto Mod тој проблем веќе е решен”, вели за PCMag, Doug Michau, директор за продукт операции во Motorola.

Sascha Segan, новинар од PCMag, се решава да разговара со Michau, бидејќи сакал да се осигура дека модулот ги има истите карактеристики како штотуку претставените 5G уреди. Но, тој бил повеќе од изненаден. Се покажа дека модулот не е само опремен со X24 LTE модем, туку истовремено и со Snapdragon 855 chipset и X50 LTE модем.

“Тоа е навистина целосен компјутерски систем.”, забележува Michau.

Тоа значи дека модулот одговара на карактеристиките кои ги опишаа неодамна од Qualcomm. Ја има Power Save функцијата која беше објавена на 25-ти февруари. Ги исклучува блокираните антени за да штеди батерија, така што ја намалува радио моќта на телефонот. Освен тоа нуди двојно поврзување кое комбинира 5G и LTE за да обезбеди брзини кои ниту еден од двата системи не може да ги обезбеди самостојно.

Менаџерот за продукт операции нагласува дека, додека компанијата се фокусира на 5G модулот, гледа не многу далечна иднина во која 5G поврзувањето ќе биде достапно и за пониската класа на смартфони. “Потребни беа околу 4 години, за да стигне LTE поврзувањето до пониската класа на телефони. Со 5G тоа ќе се случи побрзо”.

Претходна статија(Видео) Прес конференција за претставување на Galaxy S10 во Македонија
Следна статијаJAGUAR I-PACE – европски автомобил на годината