youtube-360

YouTube воведе поддршка за видеа снимени со можност за поглед од 360 степени во март оваа година. Корисниците на Chrome на десктоп или преку мобилните апликации на YouTube можат да ги гледаат овие интересни видеа кои што овозможуваат менување на погледот во видеото со поместување на глувчето или уште поинтересно на мобилните уреди, со нивно насочување во разни страни.

Може слободно да се каже дека прашање на време беше кога оваа можност ќе биде додадена и за рекламите, односно видеата од огласувачите.

Истото е сега овозможено за огласувачите преку TrueView платформата на Google за реклами, а првата кампања која што ќе ја искористи оваа платформа ќе биде од Bud Light.

Според Google, компаниите кои што користат 360 степени видеа имаат поголем процент на преглед на кампањата, што воопшто не е за изненадување. Се разбира ефектот може да се очекува дека ќе биде поголем во почетокот, додека овие видеа им се интересни и нови на корисниците, по што гледаноста би дошла до некое нормално ниво.

Извор: Google, TNW

Претходна статијаSamsung ќе го претстави новиот Note 5 на 13-ти Август?
Следна статијаНаучниците „пронајдоа“ материјал кој нема да се стопи ни од Земјиното јадро
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.