youtube-logo-large

За оваа можност не читаме првпат, но овој пат се работи за потврда на претпоставките. Може и слободно да се каже дека движењето во овој правец на сервисот е природен, со оглед на фактот дека е најпознатиот сервис на кој што луѓето доаѓаат да гледаат видео содржина.

Сопствениците на YouTube каналите, односно тие кои што објавуваат содржина, заработуваат од истата преку рекламите кои што се прикажуваат до и на нивните видеа. Меѓутоа рекламите никогаш не биле нешто посебно популарни кај гледачите, па сервисите кои што функционираат без реклами се прилично барани.

YouTube се верува дека до крајот на оваа година ќе воведе можност за месечна претплата која што на корисниците ќе им овозможи прегледување милиони видеа од разни канали без да бидат прекинувани од реклами. Со ова може да се каже дека сервисот станува конкуренција на сервисите како Netflix, Hulu и слични.

Информацијата не е се’ уште официјално потврдена од Google, меѓутоа според email пораката до која што имаат дојдено од Bloomberg, може да се види дека од компанијата веќе ги известуваат дел од сопствениците на канали.

Се верува дека месечната претплата би била некаде во областа на 10 долари, а сопствениците на каналите би добивале процент од овие приходи, исто како што е случајот со приходите од рекламите кои што се прикажуваат на нивните видеа.

Со воведувањето на месечна претплата се очекува YouTube да се обиде да привлече и поинтересни канали, како што е на пример HBO, па сервисот да стане и извор на таков вид на содржина.

Извор: Bloomberg, ZDNet, PCWorld

Претходна статијаPopcorn Time претставен за iOS, колку време ќе успее да остане?
Следна статијаНовиот кампус на Apple од птичја перспектива
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.