Screenshot 2015-03-30 12.48.32

Можеби уште сме некоја година оддалечени од масовното користење на уреди со поддршка за 4K резолуција, меѓутоа тоа не значи дека не може да се тестира прикажувањето на ваквите содржини.

YouTube кои што веќе воведоа поддршка за прикажување на видеа снимени во 4К резолуција, започна тестирање на видеа кои што се снимени во 4К, меѓутоа со 60fps, односно 60 слики во секунда.

Се работи за доста големи фајлови, но и захтевни кои што просечниот компјутер нема да може да ги пушти, барем не без по некое сецкање или целосно кочење на видеото. Исто така, доколку не користите монитор со 4K резолуција, дури вашиот компјутер да е доволно јак за да го пушти видеото без никакви проблеми, нема да може да ја видите вистинската резолуција и квалитетот на сликата.

Како и да е, достапни се 6 видеа кои што ќе мора да ги гледате преку Chrome за да можете да ја изберете најголемата резолуција, односно 2160p60 4K. Видеата се дел од една плејлиста и можете да ги погледнете во продолжение.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаНајчудната камера во форма на пиштол ги принта сликите на сметка
Следна статијаЖелка со оштетен оклоп доби нов, испечатен со 3Д принтер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.